Службеници на ФБИ во Њујорк заплениле доверливи документи од комуникацијата на адвокатот на Трамп, Мајкл Коен со клиентите, а меѓу запленетите документи се и оние кои се поврзани со исплатата на 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс, пренеле американските медиуми.
Упадот во канцеларијата го наложил сојузниот обвинител на Менхетн, а на основа на барањето на специјалниот обвинител Мулер, рекол адвокатот на Коен, Стивен Рајан.
“Одлуката на канцеларијата на обвинителот во Њујорк да спроведе истрага на основа на налогот за претрес е сосема неприкладна и непотребна. Таа резултирала со непотребна заплена на заштитената комуникација меѓу адвокатот и неговите клиенти”, рекол Рајан.
Тимот на Мулер употребил слична тактика минатото лето, кога инспектори на ФБИ влегле во куќата на поранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп, Пол Манафорт, против кого подоцна било и поднесено обвинение.