Лидерот на британската Партија за Брегзит Најџел Фараж му понудил на британскиот премиер Борис Џонсон „изборен пакт“ доколку земјата излезе од ЕУ без договор.
Доколку не прифати ќе се соочи со битка за секое пратеничко место на следните избори, пренесува „Ројтерс“.
Повеќе од три години се поминати откако Британија со 52 проценти од гласовите го изгласа Брегзит но излегувањето од ЕУ се уште „виси во воздух“. Сега се отвораат нови опции за развод со Брисел, излегување без договор или пак нов референдум.
Фараж кој 2013. година вршеше притисок врз тогашниот премиер Дејвид Камерон да го организира ЕУ референдумот, рекол дека постои голема можност избори да бидат организирани на есен.