Свет 10. мај 2020. / 23:30

Факторот на репродукција на вирусот во Германија повторно над критичната вредност

Факторот на репродукција на вирусот во Германија повторно над критичната вредност

Германскиот институт Роберт Кох (РКИ) предупреди дека факторот на репродукција на корона вирусот, кој покажува колку лица може да зарази заболен човек, во Германија повторно достигнал критична вредност.

Според податоците на РКИ, таканаречениот Р-фактор (или РО) достигнал вредност од 1,10. РКИ секогаш потенцираше дека е важно овој фактор да биде под 1, за вирусот полека да исчезне.

Во средата, Р-факторот беше на 0,65, а од тогаш стабилно расте.

Растот на Р-факторот значи дека е неопходно многу внимателно да се следи развојот во следните денови“, потенцираат РКИ.