Свет 17. март 2020. / 13:21

Европскиот суд за човекови права ги затвори вратите

Европскиот суд за човекови права ги затвори вратите

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска објави дека ја затвара зградата за своите вработени и за посетителите, зашто треба да се адаптира на режимот за борба против корона вирусот на територијата на Франција. Сослушувањата и усните излагања ќе бидат заменети со видеоврски. Ќе се разгледуваат само приоритетни предмети, што не трпат одлагање.

За да не бидат оштетени жалителите, шестмесечниот рок за поднесување жалби по исцрпувањето на можностите на националните судски системи престанува да тече еден месец, сметано од 16 март.