Свет 12. ноември 2018. / 15:37

Европскиот парламент шокиран од количеството европско оружје што завршило во рацете на ИСИС

Европскиот парламент шокиран од количеството европско оружје што завршило во рацете на ИСИС

Нацрт-извештај за извозот на оружје, кој ќе биде поднесен на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур подоцна неделава, предлага да се почне истрага за тоа како оружјето произведено во ЕУ стигнало до рацете на терористите на Блискиот Исток, пренесува „Спутник“.

Една одредба од документот, презентирана од германската европарламентарка Сабине Лезинг, вели дека Европскиот парламент е ‘шокиран од количеството на оружје и муниција произведени во ЕУ што стигнало во рацете на ИД’ во Сирија и во Ирак.

Во истиот нацрт се нагласува дека некои земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги и Бугарија и Романија, не ја примениле заедничката позиција во врска со препраќањето на оружјето, што е во спротивност со сертификатите на крајните корисници. Документот понатаму предлага да се направи задолжително за земјите-членки на ЕУ даодбијат издавање дозвола за извоз ако постои јасен ризик воената технологија или опремата што треба да се извезува да биде пренасочена.

„Европскиот парламент ги повикува сите земји-членки да одбијат слични трансфери во иднина, особено САД и Саудиска Арабија”, се вели во нацрт-законот.

Сириските медиуми во повеќе наврати известија дека сириската армија открила големи резерви оружје, муниција, возила и друга воена опрема, произведени во САД, Европа и во Израел, додека ги расчитувале регионите од кои ги протерале терористите.