Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Дејвид Сасоли најави дека европратениците нема да се состануваат во Стразбур до септември.
Одлуката е поврзана со епидемијата на Ковид-19, објасни тој на почетокот на вонредната седница на ЕП во Брисел.
Пратениците ќе присуствуваат на кратки дводневни сесии во Брисел до есен. Соодветните измени во календарот на институцијата беа одобрени од раководството на политичките групи.