Свет 20. декември 2019. / 15:43

Европскиот парламент му дозволи на Пуџдемонт да стане пратеник

Европскиот парламент му дозволи на Пуџдемонт да стане пратеник

Поранешниот член на каталонската влада Карлес Пуџдемонт и Антони Комин, чија екстрадиција од Белгија бара Шпанија, во петокот добија акредитација од Европскиот парламент со што официјално станаа пратеницици на телото.

Поранешниот претседател на Владата, Пуџдемонт и Комин задолжен за здравство се наоѓаат во Белгија од 2017 година откако во Барселона прогласија самостојна република Каталонија. Во Шпанија се обвинети за поттикнување на граѓаните на непослушност, како и незаконско користење на јавни пари за организирање референдум кој беше забранет од Уставниот суд.

Во месец мај на изборите за Европскиот парламент освоија пратенички места на листата на Партијата за независност на Каталонија.

Но, Европскиот парламент им ги ускрати акредитациите со што не можеа да ги преземат местата и да учествуваат на конститутивната седница. Меѓутоа во четвртокот, Судот на Европската унија во Луксембург пресуди дека шпанското правосудство требало да го пушти нивниот затворен колега Ориола Жункуерас за да го заземе местото во Европскиот парламент.

Жункуерас, поранешниот потпретседател на каталонската Влада, исто така во мај освои место во Европскиот парламент но се наоѓаше во притвор во Шпанија под исти обвиненија со што не можеше да го преземе местото европратеник. Судијата во Луксембург рече дека со објавувањето на резултатите автоматски стекнал пратенички имунитет и дека шпанското правосудство требало да му дозволи да замине во Европскиот парламент.

Пуџдемонт и Комин во Брисел ја поздравија пресудата на Судот во ЕУ. Пуџдемонт во петокот излегувајќи од Европскиот парламент изјави:

– Моравме да се бориме против моќната машинерија под влијание на шпанската држава. Европското правосудство вели дека сме европратеници, а законите треба да ги почитуваме. Ова е голема победа за Европа, рече Пуџдемонт.

Тој и Комин добија привремени акредитации кои во следните десетина дена би можело да станат постојани. Кога ќе станат постојани ќе побараат против нив да се повлече европскиот налог за апсење од страна на Шпанија.

Шпанскиот суд и понатаму бара од Белгија невно испорачување. Белгискиот суд овој месец ја одложи одлуката до средината на февруари.