Европскиот парламент на денешната пленрана седница ќе расправа за новата методологија за проширување на Европската унија. Оваа методолгија, меѓу другото, предвидува наместо по одделни поглавја да се преговара по тематски кластери.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, претставувајќи ја методологијата во минатата недела изјави дека земјите кандидати треба да ги исполнат сите првични одредници во поглавјата опфатени во истата група за да отворат тематски кластер.
Сепак, клучен услов за напредок во кој било кластер е владеењето на правото, имено Поглавјата 23 и 24, кои ќе бидат отворени први Европскиот комесар за проширување.