Европскиот парламент донел резолуција во која се бара забрана на развој, производство и користење на автономно вооружување, односно оружје со кое би управувала вештачката интелигенција. Роботите во иднина треба да заменат голем број на професии што само човекот моментално ги извршува.
Експертите предупредуваат на големата опасност од сето ова, а Европскиот парламент донесе и резолуција против користење на автономно вооружување, со кое вештачка интелигенција самостојно би носела одлуки за убиства без никакво влијание на луѓето.