Компанијата „Амазон“ тврди дека “во целост” ќе соработува со Европската комисија, која започна анти-монополска истрага за работењето на гигантот за електронска трговија.
Во соопштението „Амазон“ додава дека компанијата ”ќе продолжи да работи на поддршка на компаниите од сите големини и ќе им помогне да растат.
Извршното тело на Европската унија изјави дека првичните наоди укажуваат на тоа дека „Амазон“ собира податоци за продавачите кои ја користат нивната платформа во бизнисот, нивните производи и трансакции на оваа платформа, како и дека “изгледа користат чувствителни информации на начин што штети на конкуренцијата.
Компанијата со седиште во Сиетл постигнала договор со германските регулаторни органи на пазарот, ветувајќи дека ќе ги редефинира условите на продавачите на услуги кои ги користат нејзините платформи.
Во меѓувреме, слична истрага за деловните практики на „Амазон“ спровеле и австриските антимонополски институции.