Свет 29. јануари 2021. / 17:15

Европската Комисија го ограничува извозот на вакцини против Ковид-19

Европската Комисија го ограничува извозот на вакцини против Ковид-19

Европската комисија денеска усвои правило за задолжително одобрение за извоз на вакцини против Ковид-19, за оние кои се произведуваат на територијата на ЕУ и кои се однапред договорени со потпишани договори за набавка.

Комисијата наведува дека земјите од соседството на ЕУ и оние опфатени со механизмот Ковакс ќе бидат изземени од таа мерка.

– ЕУ целосно ќе ги почитува своите хуманитарни обврски и ќе обезбеди вакцини ветени на други земји, наведуваат од Комисијата.

Потпретседателот на ЕК, Валдис Домбровскис, вели дека мерката за авторизација на извоз е донесена по итна постапка, а целта е веднаш да се обезбеди целосна транспарентност во врска со производството на вакцини и нивно доставување, но и да се обезбеди испорака на нарачани вакцини од страна на ЕУ.

– Вакцините се клучни за закрепнување на економијата и завршување на пандемијата. Испораката до нашите граѓани е најважната задача во моментот. Сакаме да обезбедиме да се испчитуваат сите договори за однапред порачани вакцини, нагласи Домбровскис.