Европската комисијата вчера го презентира акциониот план за интеграција и вклучување за периодот 2021-2027 година.
Акцискиот план промовира вклучување за сите, признавање на важниот придонес на мигрантите во ЕУ и решавање на бариерите што можат да го попречат учеството и вклучувањето на луѓето со мигрантско потекло, од новодојденци до граѓани, во европското општество. Изграден е врз принципот дека инклузивната интеграција бара напори и од лицето и од заедницата домаќин и поставува нови активности што се надоврзуваат на достигнувањата на претходниот акционен план од 2016 година.
Европската комисија ќе ги поддржува земјите-членки преку финансирање за интеграција на мигрантите.
Планот 2021-2027 вклучува активности во повеќе области – образование и обука, подобрување на можностите за вработување и препознавање на вештините на мигрантите, промовирање пристап до здравствени услуги и достапно домување.
– Вклучувањето е олицетворение на европскиот начин на живот. Политиките за интеграција и вклучување се од витално значење за новодојденците, за локалните заедници и придонесуваат за кохезивни општества и силни економии. Секој што има право да биде во Европа треба да има пристап до потребните алатки за да го реализира својот целосен потенцијал и да ги преземе правата и обврските што ги регулираат нашата Унија, рече потпретседателот за промовирање на европски начин на живот, Маргаритис Схинас.
Како што е нагласено во новиот пакт за миграција и азил, успешната интеграција и вклученост е суштински дел од добро управуваната и ефективна политика за миграција и азил. Исто така, тоа е од суштинско значење за социјалната кохезија и за динамична економија што работи за сите.
Акцискиот план предлага насочена и прилагодена поддршка што ги зема предвид индивидуалните карактеристики што можат да претставуваат специфични предизвици за луѓето со мигрантско потекло, како што се полот или религиозната позадина. Успешната интеграција и вклученост зависи и од раната акција и од долгорочната посветеност.
Иако националните влади се главно одговорни за креирање и спроведување на социјални политики, ЕУ игра клучна улога во поддршката на земјите-членки преку финансирање, развој на насоки и негување на релевантни партнерства.
Денес, околу 34 милиони жители на ЕУ се родени надвор од ЕУ (околу 8% од населението во ЕУ), а 10% од младите (15-34 години) родени во ЕУ имаат барем еден родител роден во странство.
Во земји како Австрија, Шведска и Германија, луѓето родени во странство претставуваат околу 10% од населението, а во земји како Бугарија, Унгарија и Полска тие се околу 3% од населението.