Свет 22. мај 2020. / 21:00

Европската Комисија го критикува француското справување со пандемијата

Европската Комисија го критикува француското справување со пандемијата

Европската комисија испрати препораки до секоја земја за потезите што треба да бидат повлечени во борбата со  Kовид-19, при што Брисел јасно укажува на празнините во подготовката на здравствениот систем на Франција за спарвување со пандемија.

Меѓу недостатоците кои се набројани се наведува: недостатокот на маски, на тестови и на координација помеѓу различните професии.  Брисел, исто така, укажува на недостаток на инвестиции, недостаток на соработка помеѓу јавните и приватните болници и фактот дека една шестина од Французите живеат далеку од општ лекар.

Од податоците изнесени од Комисијата, впечаток остава фактот дека од почетокот на март, 100.000 возрасни Французи биле хоспитализирани (или сѐ уште се). Тоа е шест пати повеќе од вообичаениот зимски грип ако се земе во предвид просекот во последните седум години. На интензивна нега се нашле 17.000 Французи, десетпати повеќе отколку со класичниот грип. Она што е карактеристично е дека сите овие лица се хоспитализирани во просек неколку недели, што предизвикува сериозна зафатеност на болничките кревети.

Од 28.000 смртни случаи од корона вирус во Франција, 300 се кај лица под 50 години и 1.100 кај оние под 60 години.