Европската комисија изрази став дека е неприфатливо да се применува насилството како одговор на ескалираните антивладини протести во Хонг Конг.
Од ЕК ги повикаа властите во Хонг Конг при своите интервенции да делуваат „строго сразмерно“.
– Видовме извештаи дека полицијата апси медицински персонал додека се обидува да пружи помош на повредените, што е извор за длабока загриженост – изјави на брифинг портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Маја Коцијанчич.
Како што дополни Коцијанчиќ, за Европската Комисија е неприфатливо секое насилство и каква било акција на органите за спроведување на редот мора да остане строго сразмерна на однесувањето на демонстрантите, а притоа мора да се почитуваат и темелните слободи, вклучувајќи го и посебното право на мирно собирање и изразување.
Коцијанчич изјави дека ЕК ги повикува сите страни да се воздржат и да се вклучат во напорите за смирување на ситуацијата.