Свет 09. април 2020. / 23:02

Еврогрупата постогна договор за заеднички економски одговор на пандемијата

Еврогрупата постогна договор за заеднички економски одговор на пандемијата

Министрите за финансии во еврозоната постигнаа пробен договор за економско олеснување, насочено кон намалување на ефектите од пандемијата на корона вирус. Според договореното, нема да се инсистира на ставање макроекономски услови на кредитни линии од фондовите за финансии на блокот, објавија медиумите во четвртокот.

Според извештаите, договорот вклучува подготовка на кредитни линии на Европскиот механизам за стабилност, зголемување на кредитниот капацитет на Европската инвестициска банка и одобрување на пакетот „SURE“ на Европската комисија, кој е дизајниран да помогне во заштитата на работните места и работниците погодени од пандемијата на корон авирус .

Групата, наводно, исто така ќе предложи фонд за опоравување за да се помогне на економиите откако ќе заврши „заклучувањето“.