Свет 12. декември 2019. / 17:15

Ево Моралес слета во Аргентина барајќи азил, потврдува владата

Ево Моралес слета во Аргентина барајќи азил, потврдува владата

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, слета во Аргентина, потврди министерот за надворешни работи нна земјата, Фелипе Сола.

Моралес им се придружува на своите две деца во Аргентина.

Тој пристигна со цел да остане во Буенос Аирес, рече официјалниот претставник, додавајќи дека ќе добие статус на бегалец од новата влада на претседателот Алберто Фернандез.

– Моралес штотуку слета во Езеиза (меѓународниот аеродром), рече Сола.

Моралес претходно беше во Мексико каде доби азил, откако минатиот месец поднесе оставка по речиси 14 години на власт по наводите дека ги фалсификувал парламентарните избори.

Неговата наследничка Жанин Анес го обвини Моралес и други негови соработници за разгорување на жестоки судири по изборите во Боливија, кои траеја повеќе од еден месец и во нив загинаа десетици луѓе.

Сегашната власт тврди дека Моралес предизвикал голем недостиг на храна и гориво, давајќи им инструкции на своите следбеници да ги блокираат патиштата кои водат кон големите градови, по неговото заминување во Мексико.