Земјоделскиот сектор во Русија цвета и земјата ги надмина САД и Канада, станувајќи најголем извозник на пченица во светот. Оваа информација ја објави рускиот претседател Владимир Путин на годишна прес-конференција. Путин рече дека во последниве години Русија се претвори од голем увозник на жито во голем извозник.
Според податоците објавени од руската Федерална служба за статистика на државата, оваа година родот на житни култури во Русија е зголемен за 6,5 проценти, односно на околу 120,6 милиони тони нето, што е над предвидувањата на руското Министерство за земјоделство.
Советскиот сојуз отсекогаш купувал жито. Ние бевме еден од најголемите купувачи на жито, пченица. Би сакал да напоменам дека Русија денес е најголемиот снабдувач со пченица на светскиот пазар. Ние сме број еден. Ги надминавме Соединетите држави и Канада”, рече тој.