Свет 07. март 2019. / 13:03

Евакуирани ученици и вработени во училиште поради дојава за бомба

Евакуирани ученици и вработени во училиште поради дојава за бомба

Средно економско училиште во Истра утринава доби анонимна дојава за поставена бомба, по што учениците и вработените биле веднаш евакуирани, соопшти истарската полиција.

На терен биле испратени полициски и пожарникарски екипи, како и итна медицинска помош. Во тек е претрес на училишните простории од страна на припадници на специјални единици за демонтирање експлозиви.

Полицијата утрово доби дојава од непознато лице дека во Средното економско училиште во Бује е поставена експлозивна направа. Полициски службеници веднаш излегоа на терен, а околу осум часот од училиштето се евакуирани учениците и вработените, се наведува во полициското соопштение.