Свет 05. декември 2019. / 17:45

Евакуирани 14 руски судови по закана за бомби

Евакуирани 14 руски судови по закана за бомби

Петнаесетина судови во Москва и во Санкт Петербург беа евакуирани по анонимни дојави за поставени бомби.

Во Москва беа евакуирани осум судови – во окрузите Гагарински, Чертановски, Троицки, Лефортовски, Хорошевски, Тагански, Чериомушкински и Тимириазевски, додека во Санкт Петербург беа евакуирани шест судови – Градскиот и пет окружни, пренесе ТАСС.

Серија анонимни дојави почнаа минатата недела и сите се покажаа лажни.

Во Москва и Санкт Петербург, непознати лица бараа надомест во биткоини, но се утврди дека дојавите биле лажни. Откриено е и дека повиците доаѓале од странство, најверојатно од Украина.