Свет 27. јануари 2021. / 14:55

Евакуирана фабриката „АстраЗенека“ за производство на вакцини

Евакуирана фабриката „АстраЗенека“ за производство на вакцини

Фабриката во која се произведува и складира вакцината „АстраЗенека“ денеска е евакуирана поради дојава на сомнителен пакет.

Оваа информација ја потврдија и официјални лица од „Индустриската зона“ во Врексам.

Претставник на полицијата рекол дека е евакуиран дел од објектот поради понатамошна истрага.

Полицијата формирала кордон околу фабриката во која се произведува вакцината „АстраЗенека“. Од компанијата соопштиле дека се преземени сите мерки за обезбедување на објектот и луѓето.