Свет 27. август 2018. / 11:20

Евакуиран цел град во Германија поради бомба од Втората светска војна (ФОТО)

Евакуиран цел град во Германија поради бомба од Втората светска војна (ФОТО)

Град во Германија е евакуиран вчера на шест часа, за да се онеспособи и отстрани бомба од Втората светска војна, која е откриена пред неколку денови.

Околу 18.500 луѓе привремено го напуштиле градот Лудвигшафен во централна Германија, во периодот од осум наутро до два попладне.

Бомбата ја откриле градежни работници.

Во Германија сеуште може да се најдат неексплодирани бомби, фрлени за време на војната.

Градските власти на Твитер ставија фотографија од бомбата.

Се верува дека е фрлена од страна на американската војска.