Свет 29. декември 2019. / 10:00

Поради пожарите наредена евакуација во австралиската држава Викторија

Поради пожарите наредена евакуација во австралиската држава Викторија

Жителите и туристите во австралиската држава Викторија добија совет да се евакуираат, поради екстремен ризик од пожар.

Според метеоролозите, се очекуваат температури од над 40 степени, кои со силниот ветер со променлив правец и громовите, ќе предизвикаат денешниот да биде еден од најризичните денови во историјата на Викторија.

Земјата откажа музички фестивал што требаше да трае до Нова година и да собере околу 9.000 луѓе.

И во Нов Јужен Велс се очекуваат услови погодни за ширење на пожари, поради скокот на температурите кој е најавен за вторник.