Јапонската метеоролошка служба ги повика жителите на островот Кучинерабу да се евакуираат, по зголемената опасност за ерупција на вулканот Шиндаке.
150 жители на островот веќе почнале со подготовки за евакуацијата. Јапонската служба го подигна предупредувањето на ниво помеѓу два и четири, на скала од максимални пет нивоа на опасност и соопшти дека забележала зголемување на активноста на вулканот.
Последен пат кога еруптираше Шиндаке, пред три години, целото население на островот што тогаш го сочинуваа 140 лица беше принудено да се евакуира на најблискиот остров Јукушима, во период од неколку месеци.