Унгарија е казнета од страна на ЕУ, само поради една причина: суверенитетот на државата си го сфаќа сериозно, објави Спикед.
Унгарија е таргет на т.н. лов на вештерки воден од страна на алијансата на евро-федералисти и космополитски политичари. Целта на нивната пропагандна кампања е да ја делегитимизираат унгарската влада, нарекувајќи ја ксенофобична, квази-фашистички ентитет кој се заканува дека ќе ја поткопа демократијата низ европскиот континент.
Кампањата за клевета против Унгарија до одреден степен се покажа како успешна. Затоа голем дел од Европскиот Парламент вчера гласаше Унгарија да биде казнета. За прв пат, оваа институција започна дисциплински процес, познат како Член 7, против земја членка.
Анти-унгарското движење на европратениците се базира врз извештајот на холандскиот парламентарката, Јудит Саргентини. Сите кои што го прочитаа овој извештај, без да бидат запознаени со реалната ситуација во Унгарија, ќе видат ужасна слика. Според Саргентини, слободата и демократијата се под закана во Унгарија; таа и останатите инсистираат дека Унгарија станала ужасно место за почитување на човековите права.
За волја на вистината, Унгарија не е воопшто како хорор приказната која се промовира во извештајот на Саргентини. Како и другите земји има проблеми, секако. Некои од политиките на Виктор Орбан може да бидат предмет на критика. Како и да е, со сите проблеми, Унгарија не е помалку демократска или помалку слободна од останатите Европски држави.
На линија со моменталната политичка мода, Унгарија е обвинета за непочитување на правата на нејзините ромски и еврејски малцинства. Ова обвинување содржи основни недостатоци. Да, Ромите се соочуваат со социоекономски проблеми во Унгарија, но нивната позиција е далеку подобра отколку што беше во претходниот социјалистички режим. Всушност, сегашната влада е првата која испрати жена Ромка во Европскиот Парламент.
Ако распространетоста на антисемитизмот во нацијата е критериум за судење на владите, тогаш Унгарија треба да застане зад Франција, Британија, Германија, Белгија и Шведска. Во Франција и Белгија, еврејските ресторани често се обезбедувани од полиција; во Будимпешта нема потреба од тоа. Во Берлин, Евреите кои носат кипари се соочуваат со закани, па дури и со насилство. Тоа не е случај во Будимпешта. Животот на евреите и културата се почитуваат во Унгарија, и владата има нула-толеранција за антисемитизмот.
Тогаш, зошто постои ваква анти-унгарска полемика? Зошто за Унгарија има поинаков стандард од оној што се применува во другите европски држави? Силата за оваа анти-унгарска крстоносна војна е стравот дека Унгарија која силно ги афирмира нејзиниот суверенитет и национални вредности, ќе ги охрабри луѓето во другите делови на Европа да го следат нејзиниот пример. Вредностите на унгарската влада се поразлични од технократскиот изглед на ЕУ-федералистите. Унгарската влада најдобро може да се опише како конзервативна, традиционална и Христијанска. Исто така е демократска и човечка. Тие се вредности што олигарсите во ЕУ се спремни да ги укинат, да ги избришат од мапата на Европа и историјата, со цел да ги заменат со технократски космополитски изглед.
Нема потреба Европјаните да се приклучат на вредностите на унгарската влада. Но ако ти си вистински демократ и толерираш и веруваш во плурализам, тогаш треба да го почитуваш правото на нацијата да живее според своите вредности, и треба да бидеш загрижен кога моќни надворешни институции бараат казна за нацијата која го прави тоа. Европарламентарцијата кои гласаа да се казни Унгарија треба да се срамат од себе си. Тие ги предадоа вистинските вредности на Европа: вредностите на хуманизам и толеранција, кои беа најдобро изразени од ренесансните и просветителските мислители.
Стиснете ТУКА за линк од оригиналниот текст.