Свет 28. октомври 2019. / 22:28

ЕУ се согласи да и дозволи на Грција да отплати дел од долгот кон ММФ

ЕУ се согласи да и дозволи на Грција да отплати дел од долгот кон ММФ

Европскиот механизам за стабилизација (ESM), фондот за спасување на Еврозоната се согласи да и дозволи на Грција да отплати дел од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд.

Ваквиот потег, кој се однесува на кредити во вредност од околу 2,7 милијарди евра, на Атина и се дозволува да ги намали трошоците за сервисирање на долгот, бидејќи заемите од ММФ носат повисоки каматни стапки отколку што Грција сега би плаќала на пазарот, објави Ројтерс.

Оваа одлука следи по барањето кое грчката влада го испрати до (ESM) во септември во врска со отплатата на дел од кредитот на ММФ, во вкупна вредност од околу девет милијарди евра.

Претходната делумна отплата на грчкиот долг кон ММФ ќе биде од корист за Грција и за ESM – изјави шефот на фондот за спасување Клаус Реглинг.

Официјална Атина, на која и беше забранет пристап до пазарот на задолжување за време на грчката должничка криза од 2010 до 2015 година, во голема мерка се задолжи кај ММФ и владите на земјите членки на еврозоната, соопшти британската агенција.