Свет 28. октомври 2019. / 11:22

ЕУ официјално го продолжи Брегзит до јануари 2020

ЕУ официјално го продолжи Брегзит до јануари 2020

ЕУ одобри продолжување на Брегзит до 31 јануари 2020 година, објави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Туск, кој одлуката ја објави на Твитер, наведе дека одлуката ќе биде формализирана и во пишана форма.


Претходно, премиерот Борис Џонсон бараше од Брисел продолжување на рокот за излегување на Велика Британија од европскиот блок откако парламентот го примора на тоа.

Формално, Џонсон одложување бараше и во писмо испратено до седиштето на ЕУ откако парламентот изгласа договор кој тој го постигна со Унијата, но не и законските регулативи кои се потребни за спроведувањето на тој план, што е услов наметнат од закон кој британските пратеници го усвоија неколку дека пред гласањето за договорот.

Велика Британија и понатаму може да го напушти блокот пред 31 јануари доколку Џонсон собере доволен број гласови од пратениците за усвојувањето на договорот и неопходните закони за негово спроведување.

Рокот пред продолжување беше 31 октомври 2019 година.