Свет 13. ноември 2018. / 13:49

ЕУ не знае како Турција ги троши европските пари за бегалците

ЕУ не знае како Турција ги троши европските пари за бегалците

Европската Унија нема податоци за тоа како се потрошени 1 милијарда евра кои ѝ се доделени на Турција за бегалската криза, се наведува во најновиот извештај на Европскиот ревизорски суд.

-Европските фондови овозможија да се помогне со бегалците во Турција, но одбивањето на Анкара да ја објави листата на корисници отвора сомнеж за ненаменско трошење на парите- се оценува во ревизорскиот извештај.

Судот се заинтересирал како се потрошени парите од првиот пакет помош од 1,1 милијарда евра наменети за речиси 4 милиони бегалци сместени во Турција, воглавно Сиријци, врз основа на договор од 2016 година кој требало да го намали влезот на мигранти во Унијата.

Можеме да кажеме дека парите одат кај бегалците, но не можеме да бидеме сосема сигурни дека сиот износ се користи наменски. Постојат сомнежи- рекла Бетина Јакобсен, членка на Судот, на прес-конференција во Брисел.

Анкара одбива да ги даде имињата на корисниците на помош повикувајќи се на заштита на лични податоци. Од Судот навеле дека ова е првпат да наидат на вакво одбивање.

Судот во својата препорака бара од Европската Комисија да ја притисне Анкара да ги објави податоците за корисниците од следниот пакет помош вреден 3 милијарди евра кои треба да се исплатат на крајот на оваа и почетокот на следната година.