Европската унија, во партнерство со Светската здравствена организација, почна нова програма во вредност од 40 милиони евра, со цел да се обезбеди безбедна и ефикасна вакцинација во шест земји од таканареченото Источно партнерство.
Програмата е со цел да ја зајакне подготвеноста за ефикасен прием и давање вакцини во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.
Претставници на ЕК информираат дека програмата вклучува логистичка поддршка за управување со синџирот на снабдување со вакцини, обука на здравствени менаџери и медицински персонал, управување со податоците за вакцинација и надзор на безбедноста на вакцините.
– Со оваа нова програма ЕУ се обврзува да ги поддржува нашите источни партнери во борбата против здравствената криза. Заедничката соработка исто така ќе ни овозможи да работиме брзо на одржливо социјално-економско закрепнување во регионот, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Дипломати во Брисел додаваат дека програмата доаѓа со фонд од милијарда евра помош што ЕУ досега ја мобилизира за справување со здравствената пандемија и поддршка на долгорочно социјално-економско закрепнување на регионот на источна Европа.