Претседателот Емануел Макрон најави дека во вторник на пладне се затвораат границите на Европската уника, нешто што претходно го најави и шефицата на Европската комисија Усула вон дер Лајен.
– Сите патувања помеѓу неевропските земји и Европската унија ќе бидат суспендирани на 30 дена, изјави Макрон во обраќањето до нацијата кое беше пренесувано на телевизија.
Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен предложи во понеделникот, во рамки на напорите за сузбивање на ширењето на корона вирусот, привремено ограничување за влез во Европската унија во трање од 30 дена и тоа го најави на конференција за новинари по видеоконференцијата со членките на групата Г7.
Овој предлог мора да биде одобрен од земјите членки, а тоа се очекува во вторник, кога се одржува видеоконференција на челниците на 27 земји членки.
Ограничувањата би се однесувале на патувањата на државјаните на трети земји кои не се неопходни.