Брисел е против безусловна покана, Русија да се врати во разговорите на лидерите од Г7.
–Причините за исклучување на Москва од Г7 се се уште на сила, па понуда за безусловно враќање би била контрадикторна и знак на слабост – вели еден долгогодишен европски службеник кој инсистира да остане анонимен.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави неодамна дека би било прикладно да и се дозволи на Русија да се приклучи кон групата Г7.
Форматот Г8 постоеше до 2014 година, но тогаш на Русија и е одземено членството заради припојувањето со Крим.