Две авиокомпании од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) креираат нова нискобуџетна авиокомпанија којашто ќе лета од Абу Даби.
Како што соопшти новинската агенција ВАМ, главни двигатели на проектот за создавање на нискобуџетната компанија на Абу Даби се авиокомпанијата „Етихад“, која е во сопственост на Емирот на Абу Даби, и „Ер Арабија“, која му припаѓа на Шарџи, другиот емират од федерацијата ОАЕ.
Засега не се објавуваат детали за новата авиокомпанија „Ер Арабија Абу Даби“, за нејзината флота или дестинациите до коишто ќе лета, освен тоа дека ќе има повеќе информации во блиска иднина.
Секторот на воздушниот сообраќај во ОАЕ е во голем подем, иако компаниите имаат различни резултати. Најголемата авиокомпанија „Емиратс“, со седиште во Дубаи, имаше пад на приходите од 69 отсто, на 237 милиони долари, во фискалната година што заврши на 31 март.
Второпласиранита „Еихад“ четири години трпи загуби, по ризичните инвестиции во проблематични авиокомпании.
„Ел Арабија“, која е нискобуџетна компанија, забележа дефицит во 2018 година.