Свет 14. март 2020. / 16:04

Ескалира состојбата во Шпанија: За еден ден 1.500 нови заразени

Ескалира состојбата во Шпанија: За еден ден 1.500 нови заразени

Бројот на заразени од корона вирусот во Шпанија денеска драстично се зголеми, објави Би Би Си.

Според последните информации, потврдени се нови 1.500 случаи на Ковид-19, со што бројот на заболени лица во Шпанија достигна над 5.700.

Шпанија е најпогодена европска земја од корона вирус, веднаш по Италија.