Во јужна Јапонија денеска еруптира вулканот Шинмоедаке, познат во филмот за Џејмс Бонд.
Метеоролошката агенција на Јапонија соопшти дека ерупцијата се случила денеска, а вулканот исфрлал чад и пепел илјадници метри во височина.
Ова е втора поголема ерупција на овој вулкан од март 2011 година. Помала ерупција беше регистрирана минатиот април.
Денешната ерупција не предизвикала никакви штети.
Јапонија има 110 активни вулкани.
МИА