Тропската бура ,,Ернесто “ се движи кон северот на Атлантскиот Океан кон Ирска и Британија.
Во исто време ураганот ,,Лејн” се формира далеку од копното , во Пацификот и се очекува во текот на наредната недела да стигне до островите на Хаваи.
Американскиот национален центар за урагани соопшти денеска дека ,,Ернесто” носи силни ветрови со брзина од 75 километри на час и се наоѓа на околу 1 300 километри западно од Њуфаундленд.