Турција ќе испрати војска во Либија, на барање на Триполи, следниoт месец, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
–Бидејќи има повик, ние ќе го прифатиме. Ќе ставиме закон за испраќање трупи во Либија на агендата веднаш штом парламентот ќе почне да работи. Предлог-законот ќе биде усвоен на 8 или 9 јануари – им рече Ердоган на членовите на неговата владејачка партија АК.
Меѓународно признатата либиска влада на националниот договор (ГНА) во Триполи се бори против силите на генералот Калифа Хафтар.
Официјален Триполи потврди дека побарал од Турција воена помош во форма на авиони, копнени и поморски сили.