Претседателот Реџеп Тајип Ердоган гласал во Истанбул на вонредните претседателски и пармалентарни избори, кои денеска се одржуваат во Труција.
Ердоган порача дека Турција доживува демократска револуција.
-Со овој претседателски систем Турција се издигна високо кога станува збор за напорите да се надминат рамките на современата цивилизација.- изјавил Ердоган по гласањето.
Ердоган рекол дека излезноста изгледа е голема и дека 50 проценти од избирачите веќе гласале, пренесува АП, напоменувајќи дека изборната комисија до сега не излегла со официјални податоци.