Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вети дека неговата земја ќе донесе мир и сигурност во Ирак и во деловите на Сирија кои не се под контрола на Турција, велејќи дека терористичките организации ќе бидат отстранети од тие подрачја.
Турција, која поддржа некои од бунтовничките групи во Сирија, соработува со Русија која, пак, го поддржува режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, со цел пронаоѓање на политичко решение за кризата во земјата.
„Единствените места во Сирија каде има воспоставено мир и сигурност се под контрола на Турција. Со Божја помош ќе воспоставиме мир и во другите делови на Сирија. Ќе донесеме и мир во Ирак каде што се активни неколку терористички организации“, рече Ердоган.