Свет 02. март 2020. / 12:51

Ердоган: Сега и земјите од ЕУ ќе прифатат дел од товарот со сириските бегалци

Ердоган: Сега и земјите од ЕУ ќе прифатат дел од товарот со сириските бегалци

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја нема да ги затвори границите со државите од ЕУ за сириските бегалци.

– Откако ја отворивме границата почнаа телефонски повици со барање да ја затвориме. Сега и ЕУ ќе носи дел од товарот, истакна Ердоган во Анкара.

Тој изрази надеж дека во четврток на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде договорено примирје во сирискиот регион Идлиб.