Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека турски и американски претставници ќе вложат заеднички напори до април следната година за да го решат спорот меѓу двете држави околу турската набавка на рускиот одбранбен систем „С-400“.
Запрашан како овој проблем ќе биде решен, Ердоган кажа дека во тек е процес што ќе заврши до април, пренесоа британските медиуми.
–Нашите министри за одбрана и за надворешни работи ќе ги вложат овие напори. Мораме да видиме до каде ќе се стигне со овие напори – рече Ердоган по враќањето од Катар.