Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска пристигна во Белата куќа, каде беше пречекан од американскиот претседател Доналд Трамп, јавија светските агенции и турските медиуми.
Двајцата лидери дадоа изјава пред нивната билатерална средба.
Доналд Трамп рече дека е голема чест за него да се сретне со Ердоган, пренесува турскиот СНН Турк.
Трамп рече дека тој и неговиот турски колега ќе разговараат за голем број прашања и изјави дека ги разбира проблемите во Турција, пренесува Ројтерс.