Свет 26. август 2019. / 15:50

Ердоган планира да испрати копнена војска на северот од Сирија

Ердоган планира да испрати копнена војска на северот од Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека планира наскоро да испрати копнена војска на северот од Сирија, пренесува телевизијата НТВ.

Нашите борбени и извидувачки дронови и хеликоптери сега се во регионот и продолжуваме со префрлање на војската на граница. Наскоро очекуваме нашите копнени сили да влезат таму – изјави Ердоган.

Медиумите вчера пишуваа дека турската команда се префрлила на сириската граница, во подрачјето во кое се наоѓаат турско-американскиот Центар за изведување заеднички операции и оклопната техника.