Свет 09. октомври 2019. / 16:15

Ердоган објави почеток на воена офанзива во Сирија

Ердоган објави почеток на воена офанзива во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската воена операција на североистокот на Сирија тукушто започнала.

– Турските вооружени сили заедно со сириската национална армија започнаа операција против ПКК и ИСИС терористичките организации на североистокот од Сирија. Наша цел е да се уништи коридорот кој терористите се обидуваат да го воспостават на нашата јужна граница и да воспоставиме мир во регионот, напиша Ердоган.

Тој понатаму пишува дека со оваа операција наречена „Извор на мир“ ќе ја отстрани терористичката закана кон Турција.

– Благодарение на безбедносната зона која ќе ја створиме, ќе обезбедиме враќање на сириските бегалци во нивната земја. Ќе го заштитиме територијалниот интегритет на Сирија и ќе ги ослободиме жителите на регионот од налетот на теророт, напиша тој.