Свет 12. август 2018. / 20:47

Ердоган: Наскоро враќање на бегалците во Сирија

Ердоган: Наскоро враќање на бегалците во Сирија

Реџеп Тајип Ердоган во Трабзон наведе дека 250.000 луѓе веќе се вратени во ослободените делови од Сирија, пренесува Ројтерс.

„Наскоро ќе имам уште повеќе ослободени места и ќе направиме повеќе сигурни зони“, рече Ердоган.

Во Турција моментално се наоѓаат 2,7 милиони бегалци од Сирија.

Турција во сирискиот регион Африн изведува офанзива против мурдската полиција која ја смета за терористичка организација.

Ердоган рече дека ќе се интензивираат дипломатските и воените напори во провинцијата Идлиб каде Турција воспостави десеттина воени пунктови.