Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, кон крајот на септември ќе престојува во официјална посета на Германија.
Германската агенција ДПА објави дека посетата ќе се реализира на 28 и 29 септември.
Се наведува дека Ердоган ќе биде пречекан од германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер со највисоки државни почести. Турскиот претседател, во рамки на посетата, ќе се состане и со канцеларката Ангела Меркел.