Свет 02. јуни 2018. / 16:18

Ердоган: Изборите во Турција ќе завршат во првиот круг

Ердоган: Изборите во Турција ќе завршат во првиот круг

Изборите во Турција несомнено ќе завршат во првиот круг, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Нема никаков проблем во однос на поддршката која ја уживаме според анкетите за јавно мислење. Јасно е дека изборите ќе завршат во првиот круг, изјави синоќа Ердоган во интервју за турската телевизија Стар.

Турскиот претседател, исто така, рече дека народот на Турција му е верен, и дека тој има „значителна предност што не може да се спореди со поддршката за другите партии”.

– Бројот на пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот во Ппарламентот треба да биде над 300, рече шефот на државата.

Ердоган е претседател на Турција од 2014 година. Од 2003 до 2014 година беше премиер.

На 24 јуни, во Турција ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори.