Турција испрати помош во медицинска опрема во САД, заедно со писмо од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган до американскиот претседател Доналд Трамп, пресене „Ројтерс“.
Американскиот Конгрес претходно се закани со санкции против Турција поради набавката на системот С-400 од Русија, но пандемијата го одложи планот за активирање на системот додека Анкара се фокусира на борбата против епидемијата.
– Се надевам дека во наредниот период ќе покажеме дух на солидарност во пандемијата, дека Конгресот и американските медиуми подобро ќе ја разберат стратешката важност на нашите односи, напишал Ердоган.
Турско-американските односи во последниве години исто така беа затегнати поради несогласувањата околу Сирија.