Претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган разговараа денеска по телефон за турскиот предлог кој се однесува на формирање заедничка работна група за планираното купување на рускиот систем за противракетна одбрана S-400, соопшти турското претседателство.
–Нашот чесен претставник изнесе предлог за формирање работна група за набавката на S-400 системот за одбрана од Руската Федерација“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.
Вашингтон соопшти дека ракетниот систем може да ги компромитира нивните борбени авиони F-35.
Анкара пак смета дека работна група би можела да придонесе и да го процени влијанието на S-400 на борбените авиони, но до петокот немало повратна информација од Американците.