Свет 14. септември 2018. / 14:23

Ердоган и Путин средба во понеделник во Сочи

Ердоган и Путин средба во понеделник во Сочи

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган во рускиот град Сочи во понеделник, пренесе Ројтерс.

„Оваа средба е можна и се подготвува“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека Ердоган и Путин во понеделник ќе разговараат за кризата во Сирија.

Ердоган се состана со лидерите на Иран и Русија минатата недела во Техеран за да разговараат за Сирија, но не успеа да добие завет за прекин на огнот во бунтовничката енклава Идлиб.