Свет 18. октомври 2019. / 12:35

Ердоган до Трамп: Повеќе животи ќе бидат спасени кога ќе го победиме тероризмот

Ердоган до Трамп: Повеќе животи ќе бидат спасени кога ќе го победиме тероризмот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во одговор до американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе бидат спасени уште повеќе животи кога ќе се победи тероризмот, јави агенцијата Анадолија.

Господине претседателе, многу повеќе животи ќе бидат спасени кога ќе го победиме тероризмот, најголемиот непријател на човештвото. Сигурен сум дека нашите заеднички напори ќе придонесат кон мирот и стабилноста во нашиот регион– напиша Ердоган на Твитер.

Тој додаде дека напорите кои ги преземаат САД и Турција ќе придонесат за мирот во регионот.

Како што потсетува Анадолија, Трамп претходно на Твитер напиша: „Имаме убави вести од Турција, ќе бидат спасени милиони животи”.