Свет 09. октомври 2018. / 21:28

Ердоган бара ЕУ да биде искрена кон Турција

Ердоган бара ЕУ да биде искрена кон Турција

Претседателот на Турција Реџеп за време на неговата посета на Унгарија, рече дека ЕУ треба да ѝ даде сигнали на неговата земја дали ја сака Анкара во блокот или отворено да каже ако е против.

„Ако може – може, ако не – не. Мора да се биде искрен. Ако не примате, дајте знак, ако не сакате – кажете го тоа“ изјави Тајип Реџеп Ердоган на прес-конференцијата со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Од 1963 година Турција е заглавена. На ниту една земја од ЕУ не ѝ е направена толкава неправда“, рече турскиот претседател како што пренесува агенцијата Анадолија.

Пристапувањето на Турција кон Европската унија (Европска економска заедница) официјално започна на 14 април 1987 година.

Турција беше една од првите земји што станаа членки на Советот на Европа во 1949 година. Таа, исто така, беше една од основачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во 1973 година и на Организацијата за економска соработка и развој во 1961 година.